Uncategorized Јапонија: Немаме никаков глас од ИД за заложниците

Јапонија: Немаме никаков глас од ИД за заложниците

Јапонија ги разгледува сите можни начини да се ослободат двајцата заложници што ги држат припадници на Исламската држава, а двајца Јапонци веќе се понудиле да се обидат да преговараат.

Групата Исламска држава во вторникот објави видеопорака, со која на јапонските власти им даде рок од 72 часа да им исплатата 200 милиони долари, доколку не сакаат да ги ликвидираат нивните државјани. Крајниот рок кој беше даден во видеопораката истекува утре.

Портпаролот на јапонската влада, Јошихиде Суга, соопшти дека Јапонија се обидува да воспостави контакт со припадниците на ИД, кои ги држат како заложници 47-годишниот новинар Кенџи Кото и 42-годишниот Харун Јукавеа, основач на приватна безбедносна компанија.

Суга соопшти дека Јапонија не добила никаква порака од ИД откако е објавен видеозаписот.