Македонија Јанева и нејзиниот тим се сликаа во новите простории

Јанева и нејзиниот тим се сликаа во новите простории

Специјалното јавно обвинителство на својата фејсбук-страница ја објави адресата и  фото-галерија од просториите во кои Катица Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители ќе ја водат истрагата за наводите што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување.

„Новите простории на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наоѓаат на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28/2-3, Скопје“, информираат од Специјалното обвинителство.