Македонија Јанева барала од Обвинителство да ѝ достави податоци за отворените предмети

Јанева барала од Обвинителство да ѝ достави податоци за отворените предмети

Катица Јанева барала Јавното обвинителство да ѝ достави статистички податоци за тоа колку предмети се отворени, а произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Во Јавното обвинителство на Република Македонија вчера во попладневните часови, пристигнa барање од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства, а кои се однесуваат на гореспомнатите кривични дела. Бараната статистика се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека по барањето се постапува и дека бараните податоци ќе ѝ бидат доставени на Јанева во најкраток можен рок.