Македонија Јакимовски пријавил дека вработен ги сменил бравите на две простории во Општина...

Јакимовски пријавил дека вработен ги сменил бравите на две простории во Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски, вчера во полиција пријавил дека вработен во администрацијата на Општината ги украл клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и ги сменил бравите.

Во полицискиот билтен се наведува дека Јакимовски пријавил дека А.З. без никакво овластување и знаење, ги зел клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и во текот на изминатото деноноќие неовластено ги променил бравите, при што општинската администрација нема увид и пристап до архивата и до комисијата за јавни набавки на Општината.