Македонија Извлечен автомобилот што падна во Лепенец, во него биле трите тела по...

Извлечен автомобилот што падна во Лепенец, во него биле трите тела по кои се трагаше

Фото: Мета.мк

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека е пронајден автомобилот БМВ со косовски таблици и телата на тројцата патници во реката Лепенец во близина на местото каде вчера попладне падна по сообраќајна несреќа.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото БМВ во кое тие се превезувале“, се вели во соопштението од Министерството.

Денеска по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.