Подглавна секција Израел изврши рација и го затвора бирото на Ал Џезира во Рамала...

Израел изврши рација и го затвора бирото на Ал Џезира во Рамала на Западниот Брег

Ал Џезира емитуваше снимки од израелските војници во живо на својот канал на арапски јазик кои наредуваат канцеларијата да биде затворена на 45 дена

Моменти од стримот во живо на Ал Џезира кога вооружени израелски војници упаднаа во канцелариите на Западниот Брег | Принтскрин од видео на Ал Џезира

Рано утрово израелските војници извршија рација во канцелариите на сателитската информативна мрежа Ал Џезира во окупираниот Западен Брег, наредувајќи затворање на канцеларијата во услови на проширување на кампањата на Израел кон радиодифузерот финансиран од Катар и неговото известување за војната Израел-Хамас во Појасот Газа, објави Асошејтед прес.

Ал Џезира емитуваше снимки од израелските војници во живо на својот канал на арапски јазик кои наредуваат канцеларијата да биде затворена на 45 дена. Тоа уследи по вонредната наредба издадена во мај, според која израелската полиција изврши рација на радиодифузната позиција на Ал Џезира во Источен Ерусалим, запленувајќи ја опремата таму, спречувајќи ги нејзините преноси во Израел и блокирајќи ги нејзините веб-страници.

Ова беше прв затворање на странски медиум во Израел. Сепак, Ал Џезира продолжи да работи на Западниот Брег окупиран од Израел и во Појасот Газа, територии кои Палестинците се надеваат дека ќе ги имаат во нивната идна држава.

Израелската војска не одговори на барањето за коментар од Асошиејтед прес. Ал Џезира го осуди потегот додека продолжи да емитува во живо од Аман во соседен Јордан.