Македонија Изменет режим на сообраќај од утре на булеварот Кузман Јосифовски – Питу

Изменет режим на сообраќај од утре на булеварот Кузман Јосифовски – Питу

Поради градежни работи за главниот топловод што ќе ги врши БЕГ, од утре попладне ќе има изменет режим на сообраќај на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, кај Народна банка на Република Македонија, извести компанијата.

Дозвола за измена на сообраќајниот режим издал Град Скопје.