Култура Изложба „Уметникот и јас“ во Даут-пашин амам

Изложба „Уметникот и јас“ во Даут-пашин амам

Изложбата „Уметникот и јас“ ќе биде отворена денеска во Даут-пашин амам, во 12 часот, по повод Светскиот ден на музеите.

Различните старосни групи од неколку скопски забавишта, основни и средни училишта изминативе две недели беа учесници во ликовната работилница „Уметиникот и јас“ и преку свои видувања ги претставија мотивите од сталната постановка на Националната галерија на Македонија во Даут-пашиниот амам.

На учесниците ќе им бидат доделени благодарници.