Култура Изложба „Млада Босна и сараевскиот атентат”

Изложба „Млада Босна и сараевскиот атентат”

Изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“ е отворена во Музејот на Македонија. Поставката е подготвена од  Архивот на Република Српска во Бања Лука, по повод 100 години од Првата светска војна.

Поставени се 38 паноа со 249 експонати, поделени во пет хронолошко­ тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевски атентат, Јулската криза во 1914 година и Страдањата на Србите во Босна и Херцеговина.

Презентацијата на изложбата во Скопје е резултат на соработката меѓу Државниот архив на Македонија и Архивот на Република Српска, за која беше потпишан протокол на 9 април 2012 година во Бања Лука.