Култура Изложба „In the zone” во Чифте-амам

Изложба „In the zone” во Чифте-амам

„In the zone“

Денеска, во 20 часот, во Националната галерија на Македонија во Чифте-амам, ќе се отвори изложбата „In the zone“, на која ќе бидат претставени седум македонски уметници: Антони Мазневски, Атанас Атанасоски, Исмет Рамиќевиќ, Јане Чаловски, Велимир Жерновски, Групата ОПА и Ѓорѓе Јовановиќ.

Изложбата ја организира „Атакарнет“, Скопје (куратор Викторија Васева Димеска), во соработка со Национална галерија на Македонија. Изложбата е финансирана од Министерство за култура.