Култура Изложба „Фронтот во Република Македонија“ во галеријата „Остен“

Изложба „Фронтот во Република Македонија“ во галеријата „Остен“

Во галерија „Остен“, во соработка со Францускиот институт, денеска ќе биде отворена изложбата „Фронтот во Република Македонија“, која е дел од одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна

Изложбата, која ќе ја отвори Лоран Бове, претседателот на регионот Долна Нормандија, и француската амбасадорка Лоранс Оер, е составена од 12 документарни паноа, на кои низ фотографии и низ текст ги документираат случувањата во Република Македонија за време на Првата светска војна.