Ctrl - Z Излегува експанзијата за Guild Wars 2 наречена Jantir Wilds

Излегува експанзијата за Guild Wars 2 наречена Jantir Wilds

Главна каратеристика на експанзијата (продолжеток на играта) е Player Housing, односно правење сопствен дом за живеење, вид на „сим”, каде што може да градите и да декорирате

Денеска излегува експанзијата за Guild Wars 2 наречена Jantir Wilds. Главна каратеристика на експанзијата (продолжеток на играта) е Player Housing, односно правење сопствен дом за живеење, вид на „сим”, каде што може да градите и да декорирате.

Се користи посебен систем на ресурси од кои полесно се „крафтаат ајтеми” (правење секави предмети) и декорации, а сè што ќе поставите може да се употреби и за Guild Halls (големи Хали за групи играчи здружени под едно знаме и име на посебен еснаф во играта). Воедно, има простор за дружење на вашите алтернативни карактери, како и штала за „моунтовите” за јавање. За тоа како изгледа експанзијата и што нуди го издоивме следното видео: 

 

Што се однесува до уредувањето на Homestead (имотот на кој живеете, како најважна промена во експанзијата), можете да поставувате и оклоп што ви е моментално еквипуван во вид на статуа, како и оружјето што го носите, да ги ставите како украс во вашиот дом на пиедестали или држачи како еден вид „оружарница“ во домот каде музејски се прикажани вашите оклопи и оружја со различен изглед. Располагате со голем имот, а предметите можете да ги купите и од gem store. Ајтемите од џем стор се во неограничени копии и ова е посебно корисно за дуплирање на предмети – ѕидови, како и столбови од кои може да правите и архитектонски дела.

Сето ова е применето со таканаречен „децисивен микроменаџмент”, што е само хумористичен назив за располагањето со многу и со секави предмети и нивно редење и комбинирање за да се добие нешто ново, односно посебен предмет. Сепак, не е толку комплицирано како што изгледа на прв поглед, но нуди досега најдобар начин на создавање на “сопствен дом” во играта – имот наречен Homestead, направен според најнови стандарди како систем.

Исто така, можете и да дадете дозвола на пријатели да работат на вашите додатоци, но имајте на ум дека ќе имаат овластување и сè да сменат, опција што може да биде „меч со две острици”. Но, тука Guild Wars 2 се издвојува со „нетоксична” заедница и прилично добро и пријатлско здружување во играта. Оттаму, гореспоменатиот страв на „бришење на сè што е туѓо во гнев” ќе биде многу ретка појава. Но и доколку се случи, истото може да се пријави кај девелоперите на играта. 

За самата експанзија имаме и посебен напис овде. Теркот на помали експанзии (продолжетоци) по 25 евра за стандарна едиција, односно најосновна верзија од играта, почна од претходната експанзија.

Постојат и опции со повеќе „козметика“, слотови и специјални награди ако успеете да направите преднарачка на играта.  

Главните новитети се копје што се користи како оружје во битка на земја, дека досега се користеше само во борби под вода. Исто така се работи на нов вид на PvP (Player vs Player, односно „играч против играч), како додатна опција со посебни механики, но нема конкретна најава кога ќе биде издаден. За повеќе вести за експанзијата објавено е на веб сајтот на играта. А за самата игра и за нејзиниот развиток постојано имаме написи кои може да ги прочитате овде