Македонија Издадени потврди на 2.918 мигранти

Издадени потврди на 2.918 мигранти

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.918 странски државјани, од кои 1.108 се од машки пол, 657 се од женски, 1.137 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 16 се деца што патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.178, Авганистан – 890 и на Ирак – 850.

Од 1 до 2 јануари 2016 година, до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.