Македонија Ивановски во Токио на Самит за нова економија

Ивановски во Токио на Самит за нова економија

На Самитот за нова економија (НЕС) во Токио, денеска ќе учествува Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, придружуван од министерот без ресор, Горан Мицковски. Ова е една од најголемите светски конференции во организација на Јапонската организација за нова економија.

Посетата е во рамки на владините активности за привлекување странски инвестиции.

Како што е најавено, министерот Ивановски во Јапонската организација за надворешна трговија (ЈЕТРО), пред стотина јапонски компании, на форум ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за инвестирање во земјата. Тој ќе оствари средби со претставници на компаниите со кои ќе сподели мислења и искуства во рамките на областите во кои работат.