Македонија Иванов упати честитка по повод рамазанските пости

Иванов упати честитка по повод рамазанските пости

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Во месецот кој го слави духовното и телесното прочистување, посакувам сите верници од исламска вероисповед преку својата вера, посветеност и молитва да се присетат на благословите на големиот светец и да ги споделат со семејството и со блиските. Длабоко се надевам дека преку искушенијата на постот, верниците од исламска вероисповед ќе се поведат по највозвишените вредности – трпеливоста, воздржаноста, дисциплината и мудроста – се вели во честитката на Иванов.