Македонија Иванов се сретна со Македонците од Пустец

Иванов се сретна со Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ја посети Општина Пустец, каде имаше средба со Македонци во оваа општина.

При престојот во Пустец, што е прва посета на претседател на Македонија во оваа општина, претседателот Иванов истакна дека само со иницијативи и со проекти за развој на туризмот, како и со поголема економска соработка ќе се подобри стандардот на жителите.