Македонија Иванов се сретна со германски пратеници

Иванов се сретна со германски пратеници

Претседателот Иванов денеска прими делегација на парламентарната група за соработка меѓу Сојузна Република Германија и Југоисточна Европа, при Бундестагот.

На средбата со германските пратеници било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, за европските и за евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за актуелните случувања во земјава.
Претседателот Иванов изрази задоволство од принципиелната и континуирана поддршка од страна на Сојузна Република Германија за македонските стратегиски цели, оценувајќи ги позитивно досегашните севкупни билатерални односи. Во тој контекст, македонскиот претседател ја поздрави парламентарната соработката меѓу Собранието на Република Македонија и Бундестагот и изрази подготвеност за понатамошно унапредување на соработката меѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, како и за одржување на континуитет во политичкиот дијалог на сите нивоа.