Македонија Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и со претставник...

Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и со претставник на НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, Мариан Берц, претставник на Мисијата на ОБСЕ, и капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО.

На средбата биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и за очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.

Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија високо го цени партнерството и пријателството кои во континуитет се развиваат со САД, ЕУ, НАТО и со ОБСЕ. Македонскиот претседател изрази благодарност до соговорниците за нивната посветеност на надминување на предизвиците поврзани со актуелната политичка состојба во земјата, како и за поддршката што Република Македонија ја добива во насока на реализација на надворешно-политичките стратегиски приоритети.

Иванов подвлекол дека евроатлантската интеграција на Република Македонија, не само што претставува највисока стратегиска цел за земјата, туку има огромна кохезивна и трансформирачка моќ во македонското општество. Дијалогот останува единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици и сите општествени фактори имаат одговорност за интересите на граѓаните и на државата, посочил Иванов.

На средбата биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и за очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.