Македонија Иванов прими членови на карате-репрезентацијата

Иванов прими членови на карате-репрезентацијата

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ги прими членовите на Македонската карате-репрезентација, Мартин Несторовски и Емил Павлов, кои учествуваа на неодамнешните први Европски олимписки игри одржани во Баку, Азербејџан.

Повод за приемот на делегацијата на Карате-федерацијата на Македонија е остварениот успех на македонските репрезентативци, кои освоија два бронзени медали на игрите на кои спортистите се натпреваруваа во вкупно 20 спортови и во 18 различни дисциплини.