Македонија Иванов: Пратениците не зедоа предвид дека народот не го прифати договорот од...

Иванов: Пратениците не зедоа предвид дека народот не го прифати договорот од Преспа

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Словенија, Миро Церар.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изразил надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Македонија во НАТО.

„Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати договорот од Преспа, Собранието тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.