Македонија Иванов помилува 45 осуденици

Иванов помилува 45 осуденици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 2 Август, Националниот празник на Република Македонија, даде помилување на 45 осудени лица, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Од нив седуммина целосно, а 38 делумно се ослободуваат од понатамошно издржување на казната затвор.