Македонија Иванов положи свежо цвеќе на местото каде беше извршен еден од нападите...

Иванов положи свежо цвеќе на местото каде беше извршен еден од нападите во Париз

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала „Батаклан“ во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, тој запали свеќа и положи свежо цвеќе. Стотици граѓани на Париз, секојдневно, на ова место положуваат цвеќе во чест на загинатите жртви.

Македонскиот претседател ја посети и Maкедонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Париз, каде што оствари средба со претставници на македонската дијаспора.