Македонија Иванов побара прием на Македонија во НАТО

Иванов побара прием на Македонија во НАТО

Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европката унија и прием на Македонија во НАТО, побара претседателот Ѓорге Иванов на средбите со неговите словенечки и хрватски колеги, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ.

На средбите во рамки на самитот во Порторож, Иванов информирал за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Македонија, оценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго.

Според него, преку дијалог политичките лидери треба што побргу да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и на евроатланската интеграција на земјата.

Неговите соговорници истакнале дека Словенија и Хрватска безусловно ги поддржуваат евроатланските интеграции на Македонија.