Македонија Иванов од утре во дводневна посета на Катар

Иванов од утре во дводневна посета на Катар

На дводневна посета, во Катар од утре ќе престојува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Предвидено е да се сретне со емирот на  Катар, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, а ќе се сретне и со главниот извршен директор на „Катар инвестмент ауторити“, шеик Абдула Бин Мохамед Бин Сауд ал Тани.

Иванов ќе присуствува на церемонијата на отворање на Светското првенство во ракомет, како и на натпреварот меѓу репрезентациите на Република Македонија и на Тунис.

Претседателот Иванов ќе се сретне и со членовите на македонската ракометна репрезентација.