Македонија Иванов ја прими делегацијата на Специјалната олимпијада

Иванов ја прими делегацијата на Специјалната олимпијада

Претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја Иванова и синот Иван, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид, ја примија делегацијата на Специјалната oлимпијада на Македонија, која учествуваше на Летните олимписки игри на Специјалната oлимпијада одржани од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД.

Иванов им честиташе на македонските спортисти за игрите во Лос Анџелес на кои постигнаа одличен успех со освојувањето на 2 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали, и тоа во неколку спортови: атлетика, пливање, јунифајд, кошарка и пинг понг.

– Вашиот успех претставува позитивен пример да се мотивираат и други да се вклучат во спортувањето, бидејќи токму спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби. Благодарение на успесите на спортистите на Специјалната Олимпијада, се промовира и нашата земја – рече претседателот Иванов.