Македонија Иванов: Холокаустот не смее да се заборави

Иванов: Холокаустот не смее да се заборави

По вчерашното одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц, македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, изјави дека комеморацијата е момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и потсетување до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето.

Кабинетот на Иванов, кој присуствуваше со повеќе лидери од Европа, САД и од Канада, соопшти дека светските лидери пројавиле интерес за состојбите во нашиот регион, и дека во разговорите многумина од нив покажале дека не се запознаени со она низ што се минале Евреите од Македонија, односно како во еден сличен логор на смртта од фашистичка Германија исчезнала речиси севкупната еврејска заедница од Македонија.