Македонија Иванов им го честиташе празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница

Иванов им го честиташе празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ, по повод големиот еврејски празник, Пaсха.

„Честитајќи ви го празникот Пасха, сакам да порачам дека заеднички треба да придонесеме за почитувањето на религиските и на културните посебности, создавајќи вредности за идните генерации. Примете ги моите искрени желби за мир, меѓусебна доверба и за пријателство“, се вели, меѓу другото, во честитката на Иванов.