Свет Свет Исламска држава преку социјалните мрежи влијае на Американците

Исламска држава преку социјалните мрежи влијае на Американците

Внатрешното превирање на припадници на Исламска држава претставува поголема закана за САД отколку надворешните напади на Ал каеда, изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

Тој објасни дека радикалната група ИД поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство. Тој вели дека ИД влијаела на значителен број Американци преку кампања на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите што не можат да патуваат до Блискиот Исток, да убиваат каде и да се. Коми појаснува дека членови на „Твитер“ поврзани со групата ИД, имаат повеќе од 21.000 следбеници.

Директорот на ФБИ соопшти дека во изминатите осум недели, агенцијата уапсила голем број радикализирани граѓани. Според него, некои од уапсените планирале напади поврзани со националниот празник Денот на независноста.