Свет Исламисти обезглавија две жени во Сирија

Исламисти обезглавија две жени во Сирија

Џихадистите на терористичката група Исламска држава обезглавија две жени во Сирија.

Ова е првпат да биде забележано како џихадистите од ИД обезглавуваат жени цивили, велат од Опсерваторијата за човекови права во Сирија, пренесува „Ројтерс“.

Жените биле погубени под обвинение дека гатале. Едната била погубена со отсекување на главата заедно со нејзиниот сопруг во градот Деир ал-Зор. Во градот Мајадин, на југоистокот од Сирија, пак, на ист начин била погубена друга жена, исто така, заедно со нејзиниот сопруг.