Македонија Исклучените ќе продолжат да плаќаат паушал за парно-греење, пресече Уставен суд

Исклучените ќе продолжат да плаќаат паушал за парно-греење, пресече Уставен суд

Домаќинствата кои се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија на БЕГ ќе продолжат да плаќаат паушален надомест, пресече денеска Уставниот суд.

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, што значи, обрската на граѓаните на плаќање на паушален надомест останува.

Исклучените граѓани од системот на БЕГ, неколку години протестираа против одлуката да плаќаат паушален надоместок за топлинска енергија. Тие најавија и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.