Свет Свет ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

ИСИС зазеде уште едно нафтено поле во Сирија

Борците на исламската држава (ИСИС) во Сирија, денеска соопштија дека заземале нафтено поле во покраината Хомс. Ова е второ плинско поле освоено во последната недела во борбите со владините сили.

Радикалната сунитска група на социјалните мрежи објави 18 фотографии на кои се гледа знамето на ИСИС на нафтеното поле во Јаха, како и запленети оружје и возила.

Борците на ИСИС, кои држат третина од територијата на Сирија и големи делови од Ирак, на 30 октомври го освоија најголемото нафтено поле Шаар. Тие тврдат дека успеале да заробат неколку воени возила и тешка машинерија.

Меѓународната коалиција предводена од САД, во септември почна воздушни напади на позициите на ИСИС. Официјален Вашингтон вели дека своите акции не ги координира со сирискиот претседател Башар ал Асад.