Македонија Исчезна 14-годишно девојче од Скопје

Исчезна 14-годишно девојче од Скопје

Четиринаесетгодишно девојче синоќа исчезнало во скопската населба Кисела Вода.

Триесет и осумгодишната И.П. синоќа, во 23:50 часот, пријавила во полициската станица Кисела Вода дека завчера, околу 14 часот, од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка.

Полицијата трага по исчезнатото девојче.