Свет Свет Ирак: Седум самоубиствени напади во Рамади

Ирак: Седум самоубиствени напади во Рамади

Екстремистичката сунитска група Исламска држава денеска изведе седум самоубиствени напади со автомобил-бомби во ирачкиот град Рамади, соопшти полицијата.

Најмалку 10 лица се убиени, а 30 се повредени според првичните податоци на полицијата и болничките извори во седиштето на провинцијата Ал-Анбар, западно од Багдад.

Според информациите што се појавија на социјалните мрежи, меѓу џихадистите имало Белгиец, Сириец и џихадист со потекло од Кавказ.

– Околу пет часот, ИД изведе седум самоубиствени напади во квартовите Хавз, Малаб, Тиа, Алби Фараџ и Алби Еите – соопшти полицискиот претставник Мустафа Самир, кој додаде дека напаѓачите возеле американски оклопни возила.