Свет Ирачките сили зазедоа голем дел од градот Рамади

Ирачките сили зазедоа голем дел од градот Рамади

Ирачките безбедносни сили денеска успеале под своја контрола да вратат голем дел од градот Рамади, кој во мај годинава го зазедоа припадниците на Исламска држава.

Ирачките сили, кои се месеци се обидуваат да го вратат Рамади, успеале да ја освојат населбата Ал-Тамим, што, како што јавуваат ирачките власти, претставува победа над ИД.

Рамади, кој се наоѓа западно од Багдад, е центар на големата ирачка провинција Анбар.