Свет Ирачките сили тргнаа во офанзива против последното упориште на ИД

Ирачките сили тргнаа во офанзива против последното упориште на ИД

Ирачките сили денеска почнаа акција за преземање на последното упориште на Исламска држава во земјата.

– Херојските борци напредуваат кон последното упориште на тероризмот во Ирак за да ги ослободат Ал-Каим, Рава и околните села во западната провинцијата Ал Анбар – рече ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Тој предупреди дека милитантите имаат можност или да се предадат или да умрат.

Милитантите во Ирак имаат контрола над местата Ал-Каим, Рава и околината, во Ал Анбар.

Во текот на 2014 година, милитантите зазедоа третина од Ирак, но владините и паравоените сили успеаја да повратат повеќе од 90 отсто од територијата.