Свет Ирачките сили ослободија дел од Мосул, источно од реката Тигар

Ирачките сили ослободија дел од Мосул, источно од реката Тигар

Ирачките сили освоиле уште три предградија на Мосул и од нив ги протераа припадниците на Исламска држава, соопшти командантот Хајдер Фадхил.

Станува збор за дел од Мосул, источно од реката Тигар.

Офанзивата за преземање на контролата над Мосул почна на 17 октомври и претставува најголема операција на ирачката војска од доаѓањето на американските сили во 2011 година.

Во борбата за ослободување на Мосул се вклучени и курдските пешмерги, сунитската и шиитската милиција, а имаат воздушна поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД.

Милитантите на Исламска држава го освоија Мосул летото 2014 година.