Економија НБМ: Лани имало 358 милиони евра странски инвестиции

НБМ: Лани имало 358 милиони евра странски инвестиции

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции лани изнесувал 358,4 милиони евра, објави денеска Народната банка на Македонија.

Споредено со 2015 година, странските инвестиции минатата година се поголеми за 141,7 милиони евра.

Во декември минатата година, во земјава влегол странски капитал во вредност од 74,7 милиони евра.