Македонија Интервју на Иванов во 15 часот: Ќе одговара на прашања за аболицијата

Интервју на Иванов во 15 часот: Ќе одговара на прашања за аболицијата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 15 часот ќе има интервју со главните и одговорни уредници на десетте телевизии со национална концесија, соопштија од кабинетот на Иванов.

Претставниците на медиумите, како што стои во соопштението, ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со одлуката на претседателот за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки.

„Ве известуваме дека денеска, 14 април 2016 години, четврток, со почеток во 15 часот, во кабинетот на претседателот на Република Македонија ќе се одржи заедничко интервју на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со главните и одговорни уредници на следните телевизии: „Македонска телевизија“, ТВ „Алфа“, ТВ „Алсат-М“, ТВ „Канал 5“, ТВ „Сител“, ТВ „Телма“, ТВ 21, ТВ „Шења“, телевизија „Нова“ и ТВ „24Вести“. Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов. Интервјуто ќе биде емитувано во живо на првиот канал на „Македонската телевизија“ и на интернет-страницата www.mrt.com.mk.