Економија Инфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

Инфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

Инфлацијата во еврозоната во мај била поголема од очекуваната, соопштија денеска од европската канцеларија за статистика Евростат.

Во соопштението се наведува дека потрошувачките цени во 19 членки на еврозоната во мај пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекувале зголемување од 0,2 отсто.

Во податоците на Евростат не се наведени месечните податоци, но на годишно ниво се гледа дека поскапела необработената храна и услугите, што имало најголемо влијание врз вкупниот индекс.

Порастот на инфлацијата би можел да значи дека програмата на Европската централна банка за купување обврзници, за да се вбризга дополнителна готовина во економијата за да ја спречи дефлацијата, донела брзи резултати.