Економија Индустриското производство лани било поголемо за 4,9 проценти во однос на 2014...

Индустриското производство лани било поголемо за 4,9 проценти во однос на 2014 година

Индустриското производство лани било поголемо за 4,9 проценти во однос на 2014 година, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи зголемување од 4,9 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 11,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемувањето изнесува 12,1 отсто.