Економија Индустријата во август со пораст од 12 проценти во однос на истиот...

Индустријата во август со пораст од 12 проценти во однос на истиот период лани

Индустриското производство во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е поголемо за 12,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – пораст од 45 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај енергија за 39 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто, капитални производи за 14,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6 проценти.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период лани, е поголемо за 1,7 отсто.