Дописници Илинденски пливачки маратон во Охрид

Илинденски пливачки маратон во Охрид

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид, денеска, по повод 2 Aвгуст- македонскиот национален празник, традиционално, по 37. пат, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон – „Охрид 2016“.

Овој спортски настан меѓу граѓаните е познат и како „Мал маратон“ бидејќи на него пливаат и помлади.

Се плива на патеката Горица – Охрид, во должина од 2,5 километри, додека своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат повеќе од 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и од странство, организирани во две возрасни групи – до 16 години и постари.

Трките ќе почнат во 10 часот и во 10.15 часот од плажата пред некогашниот хотел „Парк“.