Свет ИД зазеде нафтено поле во Централна Сирија

ИД зазеде нафтено поле во Централна Сирија

Припадници на Исламска држава зазедоа нафтено поле во централниот дел на Сирија, соопштија денеска опозициските активисти.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека екстремистите синоќа го зазеле нафтеното поле во жесток конфликт со владините сили во провинцијата Хомс.

Шефот на опсерваторијата, Рами Абдурахман, рекол дека инженерите од нафтеното поле се преместени во гасното поле Шаер, кое го контролира владата.

Исламска држава веќе контролира поголем дел од сириските нафтени полиња кои се наоѓаат на истокот на државата, кај границата со Ирак.