Свет ИД зазеде уште еден град во Сирија

ИД зазеде уште еден град во Сирија

Исламска држава денеска зазеде важен град во Централна Сирија, по судирите со силите на претседателот Башар ел Асад, соопштија опозициски активисти.

Заземањето на градот Ел-Карјатин ќе ѝ овозможи на Исламска држава да ги поврзе областите околу Палмира, кои ги зазеде во мај, со регионот Каламун, северно од Дамаск.

Сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека ИД го зазела градот по вчерашните самоубиствени напади на воени контролни пунктови.