Свет ИД упадна во бегалски камп во Дамаск

ИД упадна во бегалски камп во Дамаск

Припадниците на Исламска држава влегле во палестинскиот бегалски камп Јармук во Дамаск, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на палестински претставници.

Британската телевизија јавува дека без разлика на силниот отпор на Палестинците во логорот, џихадистите успеале да заземат голем дел од логорот. Борбите и понатаму траат.

Според очевидци, исламистите успеале да упаднат во логорот од предградието Хаџар Асвад.