Свет ИД собори јордански авион и го зараби пилотот

ИД собори јордански авион и го зараби пилотот

Припадниците на Исламска држава урнаа јордански борбен авион, потврдија јорданските власти. Исламистите објавија фотографии од заробениот пилот.

Авионот е соборен во близина на градот Рака, упориште на ИД на северот на Сирија. Веднаш по уривањето џихадистите го заробиле пилотот.

Јорданскиот авион е првото летало што припадниците на ИД го урнаа откако коалицијата ги почна воздушните напади во Сирија пред три месеци. Во воздушните напади, на САД и на Франција им се приклучија Јордан, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, а Катар дава логистичка поддршка.