Свет ИД потврди – Џихади Џон е убиен

ИД потврди – Џихади Џон е убиен

Исламска држава потврди дека Џихади Џон, милитантот кој учествуваше во голем број егзекуции, загинал во воздушните напади во Сирија.

Во пропагандниот материјал на ИД се потврдува дека Абу Махариб ал-Мухајир, кој во светот е познат под прекарот Џихади Џон, е убиен и тоа со помош на беспилотно летало.

Од август 2014 година Џихади Џон се појави во неколку видеоснимки, на кои ги обезглавува своите жртви. Овој милитант, чие вистинско име е Мохамед Емвази, бил одговорен за неколку брутални ликвидации.