Свет ИД погуби 112 свои борци

ИД погуби 112 свои борци

Терористичката група Исламска држава во ирачкиот град Мосул погуби 112 свои борци, јави иранската телевизија „Прес ТВ“.

Наводно, членовите на ИД планирале да го соборат лидерот на групата и поради тоа биле погубени.

Во близина на затворот во Мосул биле стрелани 112 припадници на ИД, од кои 18 биле команданти. Членовите на ИД планирале да го убијат самопрогласениот гувернер на Мосул, Абу Абдул Маџид Афар, да ја заземат власта во северната ирачка провинција Ниневија и да ѝ објават војна на ИД.

ИД киднапирала и неколку десетици жители на Мосул.