Свет Европа ИД ликвидирала 70 лица во Ирак

ИД ликвидирала 70 лица во Ирак

На западот на Ирак, милитантите на Исламска држава погубиле околу 70 припадници на сунитско племе, кое е сојузник на владата, соопштија племенските водачи и ОН.

Жртвите, припадници на племето Албу Нимр, се погубени во близина на Тартар, северно од Рамади, главниот град на покраината Анбар, а биле татковци и браќа на припадниците на полицијата, војската и на племенските борци што се борат против ИД. И делегацијата на ОН во Ирак го потврди масовното убиство.