Свет ИД ја зазеде браната на реката Еуфрат

ИД ја зазеде браната на реката Еуфрат

Припадници на Исламска држава го зазеле патот кон браната на реката Еуфрат и го прекинале дотурот на свежа вода, со што стекнале предност за битки што ги планираат, јавуваат светските медиуми, додавајќи дека со ова се загрозува хуманитарната ситуација во Ирак.

Запирајќи го протекот на вода, милитантите полесно ќе ја преминат реката и ќе можат да ги нападнат провладините сили во ирачката провинција Анбар. Реката Еуфрат досега беше природна бариера меѓу џихадистите на северниот брег и ирачката армија во јужниот дел кај градот Рамади.

Џихадистите оставиле два отвори отворени за да спречат поплава на територијата што веќе ја контролираат.